Првите луѓе на Милан планираат парите од продажбата на Тонали во Њукасл да ги искористат за неколку нови фудбалери.
Во преден план е Давиде Фратези од Сасуоло а како опции се појавуваат и Ромелу Лукаку, Рубенс Лофтус –Чик и Кристијан Пулишиќ. Најтешко ќе биде да стигнат до потписот на Лукаку кој е на платниот список на Челзи а игра како позајмен во Интер.
Сепак, тимот од „Сан Сиро“ се надева дека со понуда од 40 милиони ќе успее да го ангажира белгискиот напаѓач.