Португалскиот фудбалски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Диого Далот, откако ќе заврши со неговиот одмор по настапот на Европското првенство, ќе мора да се врати на стадионот – „Олд Трафорд“.
Медиумите во Англија наведуваат дека тоа ќе биде само времено бидејќи младиот играч набрзо ќе добие понуда од Милан и дека ќе се пресели во Серија „А“ како позајмен играч.
Според проценките, „црвените ѓаволи“ ќе го ангажираат Кјеран Трипие на бековската позиција а Далот таму ќе биде вишок.