Фудбалерите на Милан, Хакан Чалханоглу и Тео Хернадез иако немаат никакви симптоми добиле позитивни тестови на ковид-19 и затоа веднаш се ставени во изолација, објави гигантот од Милано.
Сите други фудбалери имале негативни резултати и ќе му бидат на располагање на тренерот, Стефано Пиоли, за утрешното гостување на теренот на Калјари.
„Росонерите“ се наоѓаат на првото место во Серија „А“ со три бодови предност пред градскиот ривал Интер кој доцна вечер ќе го одигра дербито со Јувентус.
