Челниците на фудбалскиот состав Милан се обидуваат на само неколку часови пред крајот на трансферниот период да го ангажираат членот на Севилја, Рафа Мир.
Според медиумите на „Чизмата“, Мир ќе дојде како позајмен една сезона на стадионот – „Сан Сиро“ но, во неговиот договор ќе има клаузула и за целосен откуп на неговите права на крајот на првенството.
26-годишниот фудбалер во претходната сезона се појави на 36 натпревари. Тој постигна 8 голови и направи една асистенција за шпанскиот состав.

