Левиот бек на фудбалскиот состав Тотенхем, Дани Роуз, има намера да се бори за место во тимот. Според –„Телеграф”, дефанзивецот ќе остане во лондонскиот клуб барем до јануари откако одби да замине на позајмица во Пари Сен Жермен или Олимпик Марсеј.
Според најавите, двата тима од Франција ќе се обидат да дојдат до неговиот потпис до петок кога се затвора преодниот рок иако е евидентно дека Роуз сака да остане во Англија. Тој изјави дека е задоволен од шансата што му ја дава тренерот, Почетино и дека сака да ја оправда неговата доверба.
Сепак, бекот на Тотенхем оставил простор дека ќе си замине во јануари доколку не биде во континуитет во првата постава.