Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим одговори на прашање за неговото заминување од англискиот клуб во серијата порази.
„Ако чувствувам дека е најдобро за тимот, ќе си заминам. Треба да се држите до вашата идеја. Ова ќе го правам до крај. Нема промени во мојата идеја. Само тактички промени за конкретни натпревари“, изјави португалскиот тренер на прес-конференцијата по загубениот премиерлигашки меч со Њукасл (0:2).
Манчестер Јунајтед освои 22 поени од 19 натпревари и се наоѓа на 14. место во англиската Премиер лига. Клубот загуби четири од последните четири натпревари во сите натпреварувања.

