По освојувањето на својата прва Мастерс титула во кариерата, Норвежанецот Каспер Руд откри што чувствувал по триумфот во Мадрид.
Во финалето тој го победи Џек Дрејпер со 7:5, 3:6, 6:4. Пред ова, Норвежанецот загуби шест претходни големи финалиња.
– Тоа беше мешавина од олеснување, радост и чиста среќа. Последните неколку години на турнеја покажаа колку е тешко да се настапи добро на најголемите турнири. Никогаш не сум успеал да стигнам до самиот крај и да ја освојам титулата, но овој пат го направив тоа. Многу сум горд на оваа недела во Мадрид бидејќи ја задржав концентрацијата во текот на целиот турнир и во финалето. Го загубив вториот сет, Џек ја презеде контролата, но на крајот се вратив во мечот. Особено сум задоволен од последниот натпревар и горд на начинот на кој го завршив натпреварот“, изјавил Руд.

