Каспер Руд откако го победи Роберто Баутиста и се пласираше во третото коло на тенискиот Мастерс во Монте Карло, вели дека не чувствува посебен притисок.
„Мислам дека сфатив ако бркаш рејтинзи секоја недела, во одреден момент тоа ќе те здроби. Веќе постигнав многу во однос на рејтингот“ – рече Руд.
„Знам дека можам да се претставам добро и на тврди терени но, земјената подлога е мојата омилена . Има многу значајни турнири“ – рече Руд.

