Каспер Руд го коментираше поразот од Јаник Синер во четвртфиналето на тенискиот турнир во Рим. Тој освои само еден гем против првиот играч на АТП листата.
„Тој беше блиску до идеалното – барем од оние против кои сум играл. Мора да му оддадеш признание. Во првите четири гемови можеби направив неколку неизнудени грешки на форхендот каде што се обидов да нападнам и промашив“ – потенцираше Руд.
„Тој беше подобар од мене во повеќето од акциите на основната линија. Беше како да играш против ѕид кој постојано фрла топки кон тебе со брзина од сто милји на час“, рече Руд

