Познатиот холандски напаѓач, Руд ван Нистелрој е нов помошник тренер на Манчестер Јунајтед, објавија британските медиуми.
Ван Нистелрој се враќа на „Олд Трафорд“ во нова улога како дел од стручниот штаб на сонародникот Ерик тен Хаг.
Холандскиот стрелец веќе е во Манчестер и ќе биде официјално претставен во наредните денови, објави новинарот Фабрицио Романо.
Руд ван Нистелрој имаше понуди од англиските клубови да ја преземе менаџерската функција, но тој повеќе сакаше да се врати на „Олд Трафорд“. Договорот на Ван Нистелрој со манчестер Јунајтед е на две години.