Германскиот дефанзивец на Челзи, Антонио Рудигер, ги помина лекарските прегледи за да се пресели во Реал Мадрид, објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
Според изворот, германскиот и шпанскиот клуб ќе потпишат договор во многу блиска иднина. Рудигер ќе биде првото засилување за Реал Мадрид во летниот преоден рок. Договорот е планиран да биде со важност до 2026 година. Договорот на дефанзивецот со клубот вклучува ослободителна клаузула од 400 милиони евра.
Претходно се очекуваше Реал Мадрид да го објави трансферот на играчот по финалето од Лигата на шампионите. Но, се уште нема официјално соопштение. Рудигер оваа сезона одигра 31 натпревар во Премиер лигата, постигна три гола и имаше две асистенции.