Младата фудбалска репрезентација се подготвува за двата последни натпревари од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словенија во 2021 година.
Нашите репрезентативци имаат шанси кои не се многу големи, но секако се теоретски, па затоа веруваат дека можат до шест бода и достоен крај на овие квалификации.
Утре нашите млади играчи ќе заминат за Израел, каде во четврток го играат натпрреварот со домашната селекција, но на пат за Израел нема да оди Агрон Руфати кој на денешниот тренинг се повредил и нема да биде дел од овој натпреревар. Руфати не настапи на првиот натпревар со Израелците, поради суспензија, а сега од друга причина нема да игра и на вториот дуел со оваа репрезентација.
Македонската репрезентација до 21 година е на второто место во групата 6 од квалификациите за ЕП со 14 бода. Израел има 12 на третото место, а лидер е Шпанија со 22 бода. Последен противник на Македонија ќе биде Црна Гора која има седум бода и ќе гостува во СКопје на 17.ноември.

