Остана само Даниеле Ругани да ги договори личните услови и трансферот во Рома да биде реализиран, а то ане би требало да биде проблем откако „Старата дама“ и „Волчицата“ ги договорија деталите за трансферот на овој играч.
Римскиот клуб за едногодишната позајмица веднаш ќе треба да плати 5 милиони евра, додека останатите 25 милиони ќе ги плати следната година како дел од обавезната откупна клаузула која ќе се активира следното лето. Останува само денес на состанокот на спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи и представниците на Рома да бида усогласени личните услови за Даниеле Ругани кој бара годишна плата од 3 милиони евра.
Доаѓањето на дефанзивецот од Јувентус во Рома практично значи и крај на интересирањето на клубот од Рим за Дејан Ловрен од Ливерпул. Од Рома сакаат да го ангажираат и напаѓачот Гонзало Игуаин, но Аргентинецот ја одбива таа можност.