Првите луѓе на фудбалскиот тим Арсенал, размислуваат да ја засилат дефанзивната линија со играчот на Јувентус, Даниеле Ругани.
Се претпоставува дека ангжманот на Матијас Де Лихт во екипата од Торино ќе направи преголем конкуренција во одбраната и дека во таква ситуација Ругани ќе биде „вишок“. Во исто време, „топчиите“ останаа без Лоран Кошиелни кој побара да си замине и не се појави на летните подготовки.
Тоа на некој начин го натера менаџерот, Унај Емери, да размисли за ангжман на Ругани кој би дошол на „Емирати“ како позајмен играч за една сезона.