Директорот на фудбалскиот состав Баерн (Минхен), Карл-Хајнц Румениге, ги демантираше вчерашните информации дека клубот е подготвен да го понуди Давид Алаба и плус 50 милиони фунти за да го ангажира играчот на Манчестер Сити, Лерој Сане.
„Тоа е како приказна на браќата Грим. Нема ништо точно. Давид беше дел од нашата академија и сега го гледаме како ветеран во Баерн. Сè уште се сеќавам на неговите први чекори кај Луис ван Гал. Тој сега има нова дефанзивна улога и многу е значаен за тимот“ – потенцираше Румениге.
Алаба има активен договор со Баварците до наредното лето. Барем досега нема конкретни информации дека ќе му биде продолжена соработката