Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге е уверен дека кризата е веќе зад баварскиот гигант.
Баерн имаше успешна недела откако ја совлада Бенфика со 5:1 во Лигата на Шампионите, а во саботата стави крај на неуспешна серија во Бундеслигата со победа од 2:1 над Вердер во Бремен.
„Кај нас навистина имаше криза, но таа веќе е зад нас! Во Бремен повторно се покажавме во карактеристичниот стил за Баерн Минхен, игравме фудбал со многу голем посед на топката. Од сите идеални гол шанси треба сепак да постигнуваме многу повеќе голови”, коментираше Румениге.
„Но и тоа ќе се случи. Се чувствувам одлилно кога сум во соблекувалната на тимот. Чувствувам дека самодовербата и задоволство од работата се повторно внатре. Нико Ковач само треба да добие потребно време за развивање на тимот и ние ќе му го дадеме”, додаде Карл-Хајнц Румениге.