Претседателот на управниот одборот на Баерн (Минхен) Карл-Хајнц Румениге изјави дека целта на неговата екипа е да ги привлечат најдобрите германски играчи.
Шампионот на Бундеслигата го финализираше вчера трансферот на репрезентативецот Лерој Сане од Манчестер Сити за 50 милиони евра.
„Задоволни сме затоа што во последните години Сане во повеќе наврати ги докажуваше своите квалитети на теренот, особено со репрезентацијата. Нашата цел е да ги собереме најдобрите германски фудбалери во Баерн, а привлекувањето на Лерој Сане го потврдува нашето движење на по тој пат “, рече Румениге.