Извршниот директор на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, потврди дека играчите тенираат во помали групи со надеж дека шампионатот ќе продолжи во почетокот на наредниот месец.
„Продолжување на 9 мај е една од хипотезите во Германија иако одлуката ќе ја донесат на крајот властите исто како во Италија. Мораме да се вратиме на терените, првата причина е од спортски карактер за да може титула да се додели и да се дефинира кој ќе испадне а кој ќе се пресели во повисок ранг како и да се комплетираат и куповите“ – вели Румениге.
„Втората причина е секако од економски аспект бидејќи со сегашнава ситуација имаме голем проблем со ТВ правата“ – потенцираше извршниот директор на Баварците.