Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кој ја напушти функцијата на крајот на јуни 2021 година, реагираше на одбивањето на играчот од средниот ред Џошуа Кимих да се вакцинира.
„Најпрво, би сакал да му кажам на Кимих дека може да биде пример. Знам дека е одлично момче. Се разбира, бев изненаден од неговото одбивање да се вакцинира. Ова сега доведе до одредени дискусии. Во февруари, изразив мислење дека би било паметно рано да се вакцинираат фудбалерите, бидејќи тоа би било пример за секого. Бев многу критикуван. Сега ситуацијата е променета. Она што го прави Кимих е многу одговорно. Тој би сакал прво да чека долгорочни студии и секој ден се тестира. Но, во однос на примерите, би било подобро Џошуа да се вакцинира. Сигурен сум дека наскоро ќе го вакцинираат. Тој е одговорна личност и играч. Можеме да бидеме среќни што Кимих игра за Баерн и германската репрезентација“, изјави Румениге за „Билд“.

