Еден од челниците на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, се обиде да ја објасни ситуацијата со голманот, Мануел Нојер, откако во јавноста протекоа одредени детали околу начинот на кој се водат преговорите.
„Сите знаеме што треба да се направи. Јас сум оптимист дека на крајот ќе најдеме решение и дека Мануел Нојер ќе потпише нов договор“ – вели функционерот на Баварците.
„ Знaеме дека го имаме најдобриот голман на светот“ -истакна меѓу друготот Румениге за германските медиуми.