Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, вели дека само еден тим во моментов може да го победи Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дека е тоа токму составот од Баварија.
Германскиот шампион во полу-финалето на европската елита ќе му застане на патот на шпанскиот гигант кој се обидува да направи хет-трик во ЛШ и да освои нова титула.
„Само Баерн Минхен може да го совлада Реал Мадрид. Мора да одиме чекор по чекор, не смееме да бидеме агресивни и да форсираме. Мора да потенцирам дека сите фудбалери одигра одличен меч во Купот против Баер Леверкузен“ – потенцираше Румениге откако неговиот тим вчера ги прегази „фармацевтите“ со убедливи 6 спрема 2.