Најавеното заминување на фудбалерот на Ливерпул, Тренд Александар – Арнолд во Реал Мадрид, наиде на многу реакции на фановите на „црвените“.
Тие преку социјалните мрежи побараа десниот бек да биде исклучен од тимот. На тоа реагираше легендарниот напаѓач, Вејн Руни.
„Сепак станува збор за Реал Мадрид. Тоа е најголемиот клуб во светот со неверојатна традиција. Да беше друг состав, ќе можев да ги разберам навивачите“ – рече Руни.

