Поранешниот англиски репрезентативец Вејн Руни е пред враќање во Премиер лигата. Руни е главен фаворит за наследник на Френк Лампард на кормилото на Евертон, пишуваат денес голем број на медиуми на Островот.
Иднината на Лампард на „Гудисон Парк“ е сериозно доведена во прашање по понижувачкиот пораз од Брајтон со 4-1 пред неколку дена.
Евертон моментално се наоѓа во зоната за испаѓање, заземајќи го 18-то место со само 15 бодови. Покрај Руни, во игра за местото на Лампард се и други имиња како поранешниот селектор на Белгија Роберто Мартинез и Шон Дајч.
Руни моментално е тренер на ДЦ Јунајтед во САД.