Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој игра во САД за екипата на Ди-Си Јунајтед, одлучил да се врати во англискиот фудбал и тоа со двојна улога.
Искусниот играч во почетокот на 2020 година ќе се врати во татковината во улога на играч-тренер и тоа во екипата на Дерби Каунти кој се натпреварува во пониските категории во Англија.
На тој начин, Руни ќе ги исполни најавите и полека ќе влезе во тренерските води. Руни во тековнава сезона во МЛС лигата одигра 23 меча и постигна 11 гола.