Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, се осврна на најавениот трансфер на Хари Мегваер.„Црвените ѓаволи“ упорно се обидуваат да дојдат до потписот на дефанзивниот фудбалер на Лестер иако „лисиците“ ги одбиваат сите понуди.
„Мислам дека Хари е добар играч, тој многу напредуваше и сега е главен играч како во Лесте така и во репрезентацијата на Англија. Мислам дека ќе биде одлично засилување ако го донесеме“ – нагласи Вејн.
Според најавите од Англија, Манчестер доколку сака да се засили со Мегваер ќе треба да плати рекордна сума кога станува збор за одбранбен фудбалер.