Напаѓачот на Евертон, Вејн Руни, постигна договор со американскиот клуб ДС Јунајтед. Тој по крајот на сезоната во Премиерлигата ќе се пресели во МЛС конкуренцијата.
Агентот на фудбалерот, Пол Стретфорд, кој во изминатите денови беше во САД се погрижи да ги реши сите детали од договорот. Голгетерот ќе потпише договор до крајот на 2020 година а според медиумите сумата е околу 12 милиони фунти.
Руни кој има 32 години, според договорот ќе треба да добива 300.000 фунти неделно. Договорот ќе биде официјално објавен на 10 јули кога ќе се отвори трансфер пазарот во САД.