Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, се уште не се помирил со победата на Манчестер Сити во сезоната 2011/2012 во англиската Премиер лига.
Тогаш во натпреварот од 38. коло со КПР (3:2), Един Џеко и Серхио Агуеро постигнаа голови во надополнувањето и му ја одземаа титулата на Манчестер Јунајтед. Вејн Руни сега потенцира дека голманот на КПР требал да игра подобро.
„ Кени требаше да биде внимателен. Сити го постигна вториот гол на натпреварот а КПР веднаш му ја дава топката за да може да го постигне победничкиот. Тоа никогаш не беше доведено во прашање. Мене ми е чудно“ – вели Руни.