Данил Медведев, вели дека сите учесници на Отвореното првенство на САД во тенис ќе се обидат да го запрат Новак Ѓоковиќ, да испише историја со освојување на сите Грен Слем турнири во една година.
Србинот е на чекор да го повтори успехот на легендарниот Род Лејвер од Австралија остварен во 1969 година.
„Сигурен сум дека Новак сака да победи. Сепак, ние сме тука да го спречиме да го освои САД Опен“ – вели Медведев кој играше во финалето во 2019 година.