Рускиот бизнисмен, Сергеј Самсоненко, во соопштението објавено на сајтот на ФК „Вардар“, вели дека нема да го финансира клубот и дека ќе му го врати на Град Скопје.
„Бев погоден финансиски со обидот за нелегално и криминално преземање на мојот објект во градба во центарот на Скопје кој требаше да биде главна финансиска поткрепа на спортските колективи. Дополнителни потешкотии во финансирањето се создадоа и поради пандемијата на КОВИД-19. Поради овие причини принуден сум да го вратам овој клуб на Град Скопје“ вели Самсоненко.
Веднаш потоа реагираше Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој вели дека Самсоненко не го вратил ФК „Вардар“ на Град Скопје.