Рускиот фудбалски сојуз соопшти дека ќе се жали до Арбитражниот спортски суд во Лозана за суспензијата и исфрлањето од сите фудбалски натпреварувања кои ги донесоа ФИФА и УЕФА.
По агресијата на Русија врз Украина, двете најмоќни фудбалски федерации во светот реагираа со исфрлање на руските клубови и репрезентации од сите натпреварувања под нивна јурисдикција.
Русите сметаат дека политиката не смее да се меша во спортот и сметаат дека имаат шанси да го добијат спорот.