Селекторот на Русија, Станислав Черчесов, во пресрет на дуелот со Уругвај од 3. коло во групната фаза вели дека Русите нема да се опуштат без разлика на одлуката во групата која е веќе позната.
„Ние се подготвуваме и за овој меч, како и за оние претходните. Да, се квалификувавме во осминафиналето, но тоа не значи ништо. Ќе играат оние кои се подготвени. Плус ќе ги следиме препораките на медицинскиот персонал. Нема да направиме специјални замени“, вели Черчесов.