Фудбалерите, стручниот штаб и вработените во руската репрезентација имаа уште еден тест за инфекција со корона-вирус. Резултатите од анализите биле негативни.
„Сите членови на руската репрезентација уште еднаш беа подложени на PCR тестирање, што беше спроведено од вработените во лабораторијата акредитирана од УЕФА. Резултатите од сите тестови се негативни “ – објави прес-службата на руската репрезентација.
Претходно поради позитивниот резултат на PCR-тестирањето на Андреј Мостовој, стручниот штаб на руската репрезентација одлучи да го вклучи дефанзивецот, Роман Евгниев во пријавата за ЕП 2020.

