Првиот човек на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, најави дека ќе одвои околу 200 милиони фунти за засилувања во текот на летниот трансфер период.
Најголем дел од сумата ќе биде потрошена за засилување на нападот а во опција се неколку имиња. „Сините“ од Лондон сериозно се загреани да го купат младиот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд а во комбинација влегува и белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку.
Весникот – „Телеграф“ наведува дека Норвежанецот и црномурестиот напаѓач на Интер кои имаат одлични партии во тековната сезона, сигурно ќе добијат понуда да се преселат на „Стемфорд Бриџ“ во текот на летото.