Ирина Сабаленка, се пошегува за тоа како храната влијае на нејзината игра. Тенисерката која е број еден во светот, вчера ја победи Марта Костјук во четвртото коло во Рим и денеска ќе има слободен ден.
„Секако, ќе вежбам малку но, главниот дел е вечерата, тестенини и пица. Вчера не ги изедов моите омилени тестенини – веројатно затоа не играв баш најдобро“ – рече со насмевка тенисерката од Белорусија.
Таа во наредното коло ќе игра со Кинвен Женг од Кина.

