Арина Сабаленка ја одбрани титулата на Австралија опен откако во финалето ја совлада Чинвен Женг со 6:3, 6:2. Белоруската тенисерка до експресна победа стигна за само 77 минута. Сабаленка во текот на целиот натпревар не остави дилеми за својата надмоќ. Во поголемиот дел од натпреварот, Женг беше принудена да се брани и затоа играше подалеку од основната линија.
На кинеската тенисерка и пречеа моќните и добро насочени враќања на Сабаленка, а многу проблеми и направи и нејзиниот сервис.
Импресивното е што Сабаленка не загуби ниту еден сет во текот на целиот турнир.