Ирина Сабаленка, вели дека ја разбира одлуката на Марта Костјук, да ги прескокне ракувањата кога игра против руски и белоруски тенисерки.
Украинката пред Отвореното првенство на Франција, изјави дека нема да се ракува со ривалите од Русија и Белорусија по „специјалната воена операција“ што Москва ја спроведува во Украина.
„Разбирам зошто не ни пружаат рака. Можам да замислам ако ни подадат рака каква ќе биде реакцијата од украинската страна. Разбирам дека тоа не е лично“ – рече Сабаленка.