Поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини, вели дека никој не смее да го отпише Јувентус од трката за титулата во Серија „А“ иако екипата од Торино заостанува 10 бодови во однос на лидерот Наполи.
„Јувентус беше на чекор од бездна но, успеа да ги среди работите и да се врати на победничките патеки“ – вели Сабатини.
„Во Серијата А ништо не се знае. Сите екипи играат добар фудбал без разлика каде се на табелата. Да се надеваме дека тие што ќе настапат во Катар ќе се вратат без повреди“ – изјави некогашниот директор на „римската волчица“.