Манчестер Јунајтед најави заминување на позајмените играчи од средниот ред Марсел Сабицер (Баерн) и напаѓачот Вутер Вегхорст (Барнли).
Баерн Минхен се надева дека ќе го продаде австрискиот играч за врска за околу 15 милиони евра (Билд).
Во сезоната 2022/2023 во англиската Премиер лига, Сабицер учествуваше на 11 натпревари, не постигна гол и даде една асистенција.
Вегхорст настапи на 17 натпревари без ниту еден постигнат гол и ниту една асистенција. Во првата половина од минатата сезона, 30-годишниот Холанѓанец играше како позајмен во турскиот Бешикташ.
Манчестер Јунајтед заврши на третото место во Премиер лигата со 75 бодови од 38 натпревари и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.