Месут Озил официјално е играч на Арсенал, но нема настап оваа сезона за неговата екипа, па затоа е подготвен да го напушти тимот во зимскиот преоден рок.
Според ЕСПН, 32-годишниот Германец размислува да започне кариера во МЛС лигата. Интерес за него покажаа ДЦ Јунајтед и Лос Анџелес Галакси веќе неколку месеци. Заинтересирани клубови се Интер Мајами, новоформираниот клуб во сопственост на група инвеститори предводени од Дејвид Бекам .
Според изворот, Арсенал, кој не го вклучи Месут Озил во составот оваа сезона, нема да го спречи играчот да си замине. Договорот на фудбалерот истекува на 30 јуни 2021 година, а од јануари тој слободно може да преговара со други клубови.
