Фудбалерите на САД и Велс го одиграа првиот нерешен меч на тековниот Мундијал во Катар. Средбата во рамките на групата „Б“ заврши 1:1 откако видовме две различни полувремиња.
Во првото, Американците имаа повеќе од играта и поведоа во 36. минута кога Кристијан Пулишиќ асистираше а Тимоти Веа, син на легендарниот освојувач на „Златната топка“, Џорџ Веа, го матираше противничкиот голман. Во вториот дел, Велс се фрли на една карта и успеа да дојде до изедначување во 82 минута. Герет Бејл прво беше соборен во шеснаесетникот а потоа успеа да погоди од белата точка.
Во второто коло САД ќе оди на мегдан со Англија додека Велс ќе има пресметка со Иран.