На натпреварот против Лестер, на стадионот „Кинг Пауер“, играчот на Ливерпул , Садио Мане го одигра својот 200-ти официјален натпревар за тимот на Ливерпул, според официјалниот профил на „црвените“ на Твитер .
28-годишниот Сенегалец се пресели во Ливерпул од Саутемптон за 41,2 милиони евра на 1 јули 2016 година.
За време на одигрувањето на овие 200 натпревари во дресот на Ливерпул, Садио Мане има постигнато 70 гола во Премиерлигата и 22 гола во останатите натпреварувања.