Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане беше позитивен на КОВИД-19 и е веќе ставен во домашен карантин, објавија од страна на Ливерпул. Сенегалецот е втор што е заразен со коронавирус во екипата на Ливерпул, по новиот играч Тиаго Алкантара.
„Мане покажа некои симптоми на болеста, но генерално се чувствува добро“, изјавија од Ливерпул.

Крилниот напаѓач беше стрелец на гол при успехот на ливерпул против Арсенал со 3:1 во понеделникот, но поради неговиот позитивен тест за коронавирус тој ќе го пропушти неделното гостување кај Астон Вила.

