Садио Мане ќе ја добие наградата за најдобар африкански играч на сезоната. Според најавата наградата ќе му биде доделена на крилниот напаѓач на Баерн вечерва на церемонија во Мароко.
Мане успеа да ги надмине според бројот на гласовите поранешниот соиграч од Ливерпул, Мохамед Салах (Египет), голманот на Челзи Едуард Менди. Мане со својот клуб Ливерпул ги освои ФА Купот и Лига Купот “ стигна и до финалето на Лигата и заврши на второто место во Премиер лигата.
Во февруари, Мане и помогна на репрезентацијата на Сенегал да го освои Африканскиот куп на нации.

