Голманот на фудбалскиот состав ПСЖ, Матвеј Сафонов, се осврна на вчерашната победа со 2-0 на гостувањето кај Ливерпул во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Многу сме среќни, натпреварот беше многу тежок. Покажавме дека дојдовме тука за да победиме а тоа е значајно. Пласманот во полуфиналето е многу емотивен настан“ – рече Сафонов откако неговиот тим ја доби пресметката со вкупни 4-0.
„Секако, имаше неколку грешки но, можам да бидам задоволен. Мислам дека треба да бидам подготвен кога тимот ќе има потреба од мене“ – нагласи голманот на „светците“.

