Поранешниот фудбалер, Луис Саха, не го гледа Арсенал меѓу првите четири во Премиер лигата во наредната сезона иако „топчиите“ се максимално активни на трансфер пазарот и најавуваат атрактивни имиња.
„Ливерпул горе ќе може да му парира на Сити за титулата, тука ќе биде и Манчестер Јунајтед а можеби и Челзи“ – вели Саха.
„Арсенал дури и да добие засилувања, не верувам дека ќе се трка за титулата. Тие ја испуштија шансата во претходната сезона“ – беа дел од зборовите на Саха.