Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, проценил дека тренерот, Оле Гунар Солскјер, мора да купи централен напаѓач.
„Мислам дека Манчестер Јунајтед прави голема грешка бидејќи не се обидува да го купи Единсон Кавани. Во екипата мора да има класичен напаѓач кој ќе постигнува голови“– вели црномурестиот фудбалер.
„Според мене, Кавани е најдобриот избор за Јунајтед. Тој има квалитети и може да биде главен дел од нападот“ – објасни како размислува некогашниот член на „црвените ѓаволи“.

