Првиот човек на ВТА, Стив Сајмон, потенцира дека целиот негов тим работи напорно за да се овозможат услови за продолжение на тениската сезона која е ставена во мирување во почетокот на месец март поради пандемијата со ковид-19.
„Дефинитивно не се нормални времиња, но, се обидуваме да најдеме решение. Имаме многу проблеми со карантинот и патувањата, тоа ќе не мачи до крајот на сезоната. Мораме да ја искористиме ситуацијава и од неа да научиме за да знаеме како да се однесуваме во иднина“ – вели Сајмон.
Тој најави дека во наредниот период ќе се знае дали ќе се организираат дел од предвидените турнири во Кина.