Талентираниот крилен напаѓач на Арсенал, Букајо Сака, изјави дека е доволно самоуверен и доколку биде избран да изведе пенал за Англија, со задоволство ќе го стори тоа бидејќи одамна го надмина разочарувањето од промашувањето пенал во финалето на ЕП 2020 против Италија. 21- годишниот Сака веќе има три гола за Англија на Светското првенство во Катар.
„Овој тим веќе има големо искуство на турнирите. На последните првенства на кои учествувавме стигнавме до полуфинале, финале и 1/4-финале. Значи, кога ќе дојдат големите натпревари, имаме многу играчи кои знаат што е потребно. Јас сум многу позрел како личност и како играч во споредба со финалето на ЕП 2020. Немаше да преземам одговорност да изведам толку пенали за Арсенал колку што имам оттогаш, доколку не бев доволно самоуверен. Ако дојде моментот кога би бил избран да изведам пенал за репрезентацијата, ќе бидам повеќе од среќен да го изведам. Џад Белингем е посебен играч. Немам зборови да го опишам. Само се надевам дека ќе продолжи да се развива вака бидејќи сигурно има огромна иднина“, рече Сака на денешната прес-конференција.