Според англиските медиуми, селекторот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, вечерва за дуелот со Македонија во првите единаесет ќе ги врати репрезентативците од Манчестер Сити кои не се најдоа во тимот за дуелот со Малта.
Џон Стоунс најверојатно ќе се врати заедно со Хари Мегваер во одбраната, додека Фил Фоден и Џек Грилиш треба да одиграат одреден дел или како стартери, или како резервисти.
Букајо Сака тренираше пред натпреварот, а Саутгејт потврди дека крилниот напаѓач на Арсенал е подготвен за настап и покрај повредата на глуждот.
Англија вечерва веројатно ќе почне во формација 4-3-3: Пикфорд; Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо; Филипс, Рајс, Хендерсон; Сака, Кејн, Рашфорд.