Поранешниот селектор на Италија, Ариго Саки, вели дека ништо не е решено околу титулата вo фудбалска Италија иако Интер го совлада Јуве и направи 4 бодови предност во однос на „старата дама“.
„Има уште отворени прашања за титулата. Интер одигра добро против Јувентус и заслужено победи“ – вели Саки.
„Не треба да заборавиме дека Интер има и натпревар помалку“ – вели легендарниот тренер.

